Американскиот претседател Доналд Трамп ќе биде потпишан на новите доларски банкноти, за да се признаат „историските достигнувања“ на претседателот, објави американското Министерство за финансии.
Првите банкноти од 100 долари со новиот потпис ќе бидат отпечатени во јуни, а подоцна и останатите номинали.
Со овој потег, првпат во историјата на САД, на банкнотите ќе фигурира име на актуелен претседател. Од 1861 година, на американските пари традиционално стои само потписот на министерот за финансии.
Федералната комисија веќе одобри изработка на златна монета со ликот на претседателот.
Фото: Unsplash













