Иван Митровски не е повеќе во Одборот на директори на Македонски Телеком, нов член предложен од Владата е Александар Стоилевски

Иван Митровски не е повеќе неизвршен член на Одборот на директори (ОД) на Македонски Телеком АД Скопје. Тој беше предлог на Владата, а пред извесно време поднесе оставка, и истата е констатирана, информираа од компанијата преку Македонската берза.

Нов неизвршен член на Одборот, предложен од Владата е Александар Стоилевски. Неговиот мандат почнува од денеска.

Во ОД членови предложени од Владата, која е сопственик на 34,81% од акциите на Македонски Телеком, вклучувајќи и златна акција, од претходно се и Сашо Димитријоски, Марин Алексов, Даниела Кржовска, Нусрет Зиба и Сеад Арслани.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Кој има поголеми приходи, Македонски Телеком или А1 Македонија?

Кој има најмногу претплатници, А1 Македонија или Македонски Телеком?

Горан Марковиќ е новиот главен извршен директор на Македонски Телеком

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести

  • Најчитани вести