Од вторник до четврток времето ќе биде променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд, а наместа врнежите ќе бидат пообилни, најави Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР).
Во четврток ќе има услови и за изолирана појава од грмежи.
Престојната недела ќе дува и југоисточен ветер кој во вторник ќе биде засилен, долж Повардарието со брзина и над 60 километри на час.
Во петок и во сабота пак ќе преовладува сончево време со мала до умерена облачност и со слаб до умерен северен ветер. Минималните температури ќе се движат од три до 11, а максималните од 14 до 23 степени.
Утре ќе биде сончево со умерена облачност. Ќе дува умерен, а наместа долж Повардарието засилен ветер од југоисточен правец со брзина над 60 километри на час.
Минималните температури ќе бидат во интервал од четири до десет, а максималните до 21 степен.
Во Скопје ќе има слично време со температура од осум до 20 степени.













