Идниот унгарски премиер Петер Маѓар најави дека планира да ги одржи добри односите со Македонија, со која Унгарија има стратешко партнерство.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Кој е Петер Маѓар, кој го собори Виктор Орбан
Како што изјави на вчерашната прес-конференција, смената на власта во Унгарија не значи автоматско влошување на врските со државите со кои кабинетот на неговиот претходник, се уште актуелен премиер, Виктор Орбан, имал блиска соработка.
Тој исто така најави дека неговата влада нема да се меша во внатрешни работи на Македонија и други земји, а со земјите со кои претходната влада ги влошила односите, има намера истите да ги подобри.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Екстрадиција на Груевски најави идниот премиер на Унгарија, Маѓар
Македонија потпиша договор за стратешка соработка и со Унгарија













