(Вознемирувачко видео) Осмоодделенец во Турција уби деветмина со оружје на татко му

Осмоодделенец, кој имал 14 години, вчера во училиште во јужна Турција во покраината Кахраманмарас со пет оружја и седум шаржери уби девет лица, од кои осум се ученици, а едно е наставник.

Ранети се уште најмалку 13 лица, од кои шест ученици се на интензивна нега, а тројца се во критична состојба.

Како што јавуваат турските медиуми оружјето го скрил во ранец, а пукал во две училници каде учеле петоодделенци, по што извршил самоубиство.

Турските власти сметаат дека оружјето било на татко му, кој е поранешен полицаец.

И претходниот ден имаше пукање во училиште во Турција. Во средно училиште во југоисточната покраина Шанлиурфа поранешен ученик изврши самоубиство во конфронтација со полицијата откако повреди 16 лица.

Фото: Унсплеш/видео: Х

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести

  • Најчитани вести