21-годишно момче од Неготино под истрага за загрозување на воените активности на АРМ

Момче на возраст од 21 година од Неготино е под истрага за загрозување на воените активности на македонската Армија.

Станува збор за лицетото Д.К., а како што информираа од Министерството за внатрешни работи (МВР) со него вчера во Одделението за внатрешни работи (ОВР) Неготино бил извршен службен разговор поради основи на сомневање за сторено кривично дело „неовластено влегување во воени објекти и правење скици или цртежи на воени објекти и борбени средства“, казниво по член 350 од Кривичниот законик.

Имено, тоа е осомничено дека во армискиот полигон Криволак ги снимал и фотографирал возилата во конвој на македонската Армија и ги објавил јавно на платформа на социјална мрежа, со што ја нарушил безбедноста и тајноста на активностите кои ги реализира армијата.

За настанот е известен јавен обвинител и по документирање на настанот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести

  • Најчитани вести