Лажни се дојавите за поставени бомби во „Ист гејт“ и „Дајмонд мол“, вели МВР

Денеска на електронска адреса на Министерството за внатрешни работи (МВР) е добиена порака со закана дека во трговските центри „East gate“ и „Diamond“ во Скопје се поставени експлозивни направи, информираат од таму.

-Веднаш по добиените пријави преземени се соодветни мерки и активности од страна на полициски службеници во внатрешноста и околу објектите, при што е утврдено дека станува збор за лажни дојави за бомби, велат од таму.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Дојави за бомби во „Ист гејт“ и Дајмонд мол“

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести

  • Најчитани вести