Ќе оди ли газда Деко поради влошената здравствена состојба во куќен притвор?

На стартот на денешното рочиште за пожарот во “Пулс“, одбраната на првообвинетиот Дејан Јованов‑Деко, сопственикот на т.н. дискотека, побара тој да оди во куќен притвор оти му била влошена здравствената состојба.

Потоа за време на пауза беше повикана Брза помош во судницата, бидејќи му се влошило здравствената состојба.

Неодамна му била направена операција на лумбалниот `рбет на две нивоа.

Според неговата адвокатка Ивана Коцевска во затворот во Куманово, каде е во притвор, бил третиран „импровизирачки од страна на нестручни медицински лица“, што придонело да на 17. април, му биде извршена втора операција поради јавен голем црвен оток, полн со гнојна содржина.

Потоа бил спроведен на итна операција, а како што кажа во судницата во Идризово, каде се одржува судењето, денеска бил спроведен директно од болница.

Според неа неговата рана била отворена и подложна на дополнителна инфекција. Истата не била сошиена, бидејќи истата можела дополнително да собира гнојна содржина.

Судијката Дијана Груевска Илиевски, која го води судењето, информираше дека по интервенцијата на Брзата помош на Јованов му бил даден совет за земање храна и вода, но истиот ја одбил. Од Брзата помош ја информирале судијката дека по интервенцијата може да продолжи со следење на судењето.

Од Обвинителство, пак на рочиштето посочија дека по разгледување на документацијата на крајот од денешната расправа ќе одлучат дали ќе се произнесат за барањето или тоа ќе го направат писмено.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

“Навреда за нашата болка и понижување на споменот на нашите деца“, велат родителите на загинатите за барањето газда Деко да оди во куќен притвор

Општината Кочани немала раководител на инспекциските служби, кажа на судењето за „Пулс“, поранешен главен секретар

Пред пожарот имало рација за малолетници во „Пулс“, забавата потоа продолжила, кажа сведок

Фото: Игор Бансколиев

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести

  • Најчитани вести