Нема одлука дали газда Деко ќе оди во куќен притвор

Се уште нема одлука за барањето на одбраната на првообвинетиот за пожарот во Кочани, Дејан Јованов Деко, сопственик на т.н. дискотека “Пулс“, која побара тој да оди во куќен притвор оти му била влошена здравствената состојба.

На денешното рочиште од Основното јавно обвинителство информираа дека за тоа ќе се произнесе или писмено или на следното рочиште.

Барањето беше побарано од адвокатката на Јованов, Ивана Коцевска, на претходното рочиште, на кое беше повикана и Брза помош, бидејќи му се влошил здравствената состојба.

Тој неодамна според нејзе имал операција на лумбалниот `рбет на две нивоа.

Барањето тој да оди во куќен притвор предизвика голем револт кај семејствата на загинатите во пожарот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Пиротехниката беше опасно блиску до гостите, кажа сведок на судењето за „Пулс“

“Навреда за нашата болка и понижување на споменот на нашите деца“, велат родителите на загинатите за барањето газда Деко да оди во куќен притвор

Ќе оди ли газда Деко поради влошената здравствена состојба во куќен притвор?

Фото: Игор Бансколиев

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести

  • Најчитани вести