На денешното рочиште за пожарот во т.н. дискотека “Пулс“ во Кочани сведочеше само Теа Ѓорѓиева од Штип, студентка, која била таму кобната вечер, како сведок на Основното јавно обвинителство.
Причината е што неможат да се лоцираат другите сведоци.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Ниту еден сведок денеска не се појави на судењето за пожарот во „Пулс“
И таа како и други сведоци на претходните рочишта кажа дека пиротехниката, која се смета за главната причина за пожарот, била поставена премногу блиску до гостите.
Рече и дека и порано се користела пиротехника во објектот, а и дека и како малолетничка одела таму.
Пиротехниката била поставена вечерта, информација исто така позната од претходните рочишта.
Таа била непосредно пред сцената, па додека снимала со мобилниот телефон, забележала дека плафонот почнал да гори.
Како што посочија и други сведоци на претходните рочишта и таа и нејзините пријатели пожарот на почеток не го сфатиле сериозно, а кога од бендот ДНК ги повикале гостите да излезат од објектот, тргнала кон излезот каде заглавила поради големата турканица.
Поради тоа таа паднала, а од објектот ја извлекол член на обезбедувањето.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Нема одлука дали газда Деко ќе оди во куќен притвор
Фото: Игор Бансколиев













