Јавното сообраќајно претпријатие (ЈСП) Скопје и годинава ќе овозможи полесен пристап на посетителите на 38. „Меѓународен саем на книгата“ кој ќе се одржува во СЦ „Борис Трајковски“, информираат од таму.
„За таа цел, од 23 април (четврток) до 29. април (среда), во редовниот линиски превоз ќе бидат вклучени линиите „100“ и „200“, едната ќе поаѓа од Ново Лисиче, а другата од Дексион.
Билетите за нивно користење ќе чинат согласно со ценовникот за користење на јавен превоз“, велат од таму.
Возниот ред и трасите на движење за линиите „100“ (Ново Лисиче – СЦ „Борис Трајковски“) и „200“ (Дексион – СЦ „Борис Трајковски“), ОВДЕ.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Над 65 издавачи и повеќе од 150 активности: Саемот на книга ќе се одржи од 23 до 29. април













