Тројца градежни работници затрупани при ископ на темели на градилиште во Кисела Вода

Тројца градежни работници денеска биле затрупани при ископ на темели, на градилиште во скопска Кисела Вода.

Двајца од нив се извлечени, а за третиот се работи на извлекување.

„Денеска (24.04.2026) во 08:17 часот во СВР Скопје е пријавено дека на градилиште на улицата Козјак во Скопје, при ископ на темели со земја биле затрупани тројца работници.

Од нив, двајца се извадени и со возило на Итна медицинска помош се пренесени во Комплекс клиники ‘Мајка Тереза’, а во координација со Центарот за управување со кризи (ЦУК) и Бригадата за противпожарна заштита се преземаат мерки за вадење и на третото лице“, соопшти Министерството за внатрешни работи.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Ивица Конески е инвеститор на зградата во Кисела Вода каде што еден работник загина, а тројца се повредени при затрупување со земја

Еден работник загина, а тројца се повредени на градилиштето во Кисела Вода: Детали од МВР

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести

  • Најчитани вести