И по 25 години од убиството на осумте македонски бранители кај Вејце од страна на терористичката УЧК за време на воениот конфликт во 2001 година се уште нема достоинствен споменик за нив.
И вчера, како и претходните години, на местото каде што беа убиени, почит им се даваше пред импровизирана спомен-плоча со нивните имиња.
На 28. април 2001 година во заседа ѕверски беа убиени четворица припадници на воената единица „Волци“ и полицајци при Одделението за внатрешни работи (ОВР) Битола, Роберт Петковски (27), Игор Костески (26), Миле Јаневски (30), Бобан Трајковски (28), Марјан Божиновски (27), Илче Стојановски (24) Бошко Најдовски (25) и Кире Костадиновски (24).
Слава им!














