Како работел Фершпед во првите три месеци

Фершпед АД Скопје во првите три месеци од годинава остварил оперативна добивка од 9.760 илјади денари, соопшти Друштвото преку Македонската берза.

-Остварените вкупни приходи за период јануари-март 2026 година изнесуваат 900.746 илјади денари и во споредба со остварените вкупни приходи за истиот период од 2025 година бележат раст од 2%.

Оперативните приходи изнесуваат 896.958 илјади денари и истите бележат раст од 2% во однос на оперативните приходи за истиот период од 2025 година.

Финансиските приходи во износ од 3.788 илјади денари бележат раст во однос на истиот период минатата година, велат од таму.

Вкупните расходи изнесуваат 887.485 илјади денари и истите имаат раст за 2% во однос на вкупните расходи за истиот период 2025 година.

-Оперативните расходи за период јануари-март 2026 година изнесуваат 887.198 илјади денари и истите бележат зголемување за 2% во однос на истиот период во 2025 година.

Финансиските расходи во износ од 287 илјади денари бележат раст во однос на истиот период минатата година.

Нето добивката по оданочување во анализираниот период изнесува 9.586 илјади денари и истата е намалена во однос на истиот период од 2025 година, велат од таму.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Колкави надоместоци имале членовите на ОД на Фершпед лани

Фершпед ќе дели дивиденда од 720 денари бруто за акција

Фото: Унсплеш

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести

  • Најчитани вести