19-годишно момче загина откако со мотоцикл се судри со автобус

Момче на возраст од 19 година загина утринава, откако со мотоцикл се судри со автобус.

Станува збор за В.Б. од прилепското село Големо Коњари, а како шти информираа од полицијата, несреќата се случила на улицата „Леце Котевски” во Прилеп.

Починатото момче возело мотоцикл „хонда” без регистарски ознаки, а се судрило со автобус управуван од Г.К. (62) од Прилеп.

По несреќата, момчето било пренесен во Градска болница Прилеп, каде од страна на доктор била констатирана смрт.

Фото: Унсплеш

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести

  • Најчитани вести