Поради продажба на имот, добивката на Скопски пазар пораснала за 3.622% во првиот квартал

Скопски пазар АД Скопје во првите три месеци од годинава имал вкупни приходи од 181.282 илјади денари, соопшти Друштвото преку Македонската берза.

Приходите во споредба со остварените во истиот период лани бележат зголемувања од 166%.

-Зголемувањето е резултат на поголем приход од продажба на недвижен имот кои беа присутни во 2026 година, велат од таму.

Во овој период Друштво има нето добивка од 117.798 илјади денари.

-Нето добивката за финансиската година е зголемена за 3.622% во однос на претходната година.

Зголемувањето е резултат на поголемите еднократни приходи од продажба на недвижен имот кои беа присутни во 2026 година кои ја зголемија добивката за период на известување во 2026 година, велат од таму.

Остварените вкупни расходи изнесуваат 63.484 илјади денари и во споредба со истиот период од 2025 година бележат намалување од 2%.

Финансиските расходи се намалени за 59%.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Како работел лани Скопски пазар

Реизбрани членовите на УО на Скопски пазар

Димитар Џеков поднесе оставка од Надзорниот одбор на Скопски пазар

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести

  • Најчитани вести