(Видео) Струмичанец загина во стравична несреќа во Хрватска

Струмичанец кој возел за транспортна фирма од Куманово вчера загинал во стравична несреќа кај Славонски Брод во Хрватска.

Информацијата за Канал 77, ја потврди Билјана Муратовска од Макамтранс.

Несреќата како што пренесоа хрватските медиуми, се случила откако тој со камион удрил во столб, по што се камионот се запалил.

Како што информираше Полицијата на бродско – посавската управа, тој движејќи се по јужната лента од патот, се лизнал од патот на северната страна, ја пробил централната метална заштитна ограда, удрил во столб за улично осветлување и преминал на спротивната северна лента.

По лизгањето тој повторно удрил во централната заштитна ограда и уште еден столб за улично осветлување.

Се претпоставува дека на починатиот му се слошило, по што изгубил свест.

Камионот целосно изгорел.

Видео: Požega EU/You tube/фото: Унсплеш

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести

  • Најчитани вести