Денеска беше пуштен во употреба вториот дел од приземјето од реконструираното Одделение за управни работи – Скопје, сместено во зградата на МТВ.
Како што информираа од Министерството за внатрешни работи (МВР), со завршувањето на оваа фаза, целосно е ставена во функција нова, модерно опремена шалтер сала со над 10 шалтерски позиции, како и дополнителни канцеларии за вработените, санитарни јазли и кујна, како и посебен простор за чување и складирање на досиеја и материјали од трајна вредност.
Во почетниот период, во рамки на новата шалтер сала ќе се обезбедуваат услуги поврзани со постапките од областа на возилата, вклучително и шалтер „Безбеден град“, наменет за проверка и ажурирање на контакт податоците на граѓаните, со план за понатамошно проширување на услугите согласно потребите.
Лани, Министерството веќе пушти во употреба осум нови канцеларии на управни служби низ државата.
Фото/видео: МВР













