Седмоодделенец од Битола на Тик-Ток објавил вознемирувачка порака за соученици и нивните родители

Седмоодделенец во основното училиште „Стив Наумов“ во Битола на социјалната мрежа Тик-Ток објавил вознемирувачка порака за соученици и нивните родители.

Информацијата ја вознемири јавноста, а за истата реагираа од училиштето од каде меѓу друго информираа дека за тоа веднаш било известено Министерството за внатрешни работи, Центарот за социјални работи и подрачното Одделение за образование на Општина Битола.

Од таму информираа и дека содржините не биле објавувани во рамките на училиштето, ниту за време на наставниот процес во училиштето.

Училиштето презело соодветни мерки за заштита и поддршка на учениците, како и активности за смирување на состојбата и обезбедување безбедна и сигурна средина за сите ученици и вработени.

-Апелираме до јавноста за воздржаност од ширење на непроверени информации и за почитување на приватноста и достоинството на сите инволвирани лица, особено имајќи предвид дека станува збор за малолетници, велат од таму во соопштение испратено до медиумите.

Фото: Унсплеш

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести

  • Најчитани вести