И САД и Иран го прекршија кревкото примирје, пренесуваат светските агенции.
Иран вчера нападнал три разурнувачи на американската морнарица, додека минувале низ Ормутскиот теснец, кои според американскиот претседател Доналд Трамп, не претрпеле штета, по што САД нападна воени цели во Иран.
Според Централната команда на американските вооружени сили, Иран во нападите користел ракети, дронови и мали пловни објекти.
Од таму велат дека американската војска ги неутрализирала заканите и ги нападнала иранските воени објекти одговорни за нападите врз американските сили, меѓу кои и локациите за лансирање ракети и дронови, командни и контролни центри, како и базите за разузнавање и надзор.
Главниот штаб на иранските вооружени сили, пак, соопшти дека САД го прекршиле примирјето со напад врз ирански нафтен танкер и уште еден брод што влегувал во Ормутскиот теснец.
-Истовремено, со помош на некои земји од регионот, тие извршија воздушни напади врз цивилни области долж бреговите на Бандар Хамир, Сирик и островот Кешм, велат од таму.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
САД го продолжи примирјето со Иран, блокадите на иранските пристаништа остануваат
Зошто е значаен Ормутскиот теснец
Фото: Унсплеш














