Пекабеско АД Скопје во првите три месеци од годинава остварил нето добивка од 55.646.098 денари, која е помала од остварената во истиот период лани, соопшти Друштвото преку Македонската берза.
Лани Друштвото имало нето добивка од 63.919.719 денари.
Остварените вкупни приходи изнесуваат 1.325 милиони денари и во споредба со остварените во истиот период во 2025 година бележат зголемување од 1%.
-Во структурата на вкупните приходи најголемо учество од 99%, имаат приходите остварени со продажба на готови производи, стоки и услуги кои во споредба со остварените во 2025 година бележат
зголемување од 2%, велат од таму.
Остварените вкупни расходи изнесуваат 1.307 милиони денари и истите бележат зголемување од 2%.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Пекабеско лани со зголемена добивка
Кои се старо-новите членови на ОД на Пекабеско
Фото: Пекабеско














