Палевски, Манев, Видевски и Кешишев бараат повторно судење, Обвинителството пак бара преиспитување на ослободителната пресуда за таткото на Вања, Ѓорчевски

Апелацискиот суд Скопје денеска на жалбена расправа ги разгледуваше жалбите на осудените на доживотен затвор – Љупчо Палевски, Велибор Манев, Боре Видевски и Влатко Кешишев, за убиството и киднапирањето на 14-годишната Вања Ѓорчевска од Скопје и 74-годишниот Панче Жежовски од Велес.

Тие бараат укинување на првостепената пресуда и враќање на постапката на повторно судење во Основниот кривичен суд Скопје.

Според нив, првостепената пресуда содржела сериозни пропусти во оценувањето на клучни докази и логиката на настаните.

Од Основното јавно обвинителство пак се жалат на ослободителната пресуда за таткото на Вања, Александар Ѓорчевски, кој беше обвинет за помагање при грабнувањето на неговата ќерка.

Од Обвинителството во жалбата меѓу друго велат дека тој ја споделил информацијата дека девојчето ќе оди само на училиште, податок кој, според Обвинителството, го знаеле само најтесните членови на семејството.

Неговиот адвокат Владимир Туфегџиќ пак вели дека не постојат докази за негова вмешаност во убиството или грабнувањето и дека немало никаква комуникација помеѓу Ѓорчевски и останатите осудени.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести

  • Најчитани вести