На вонредна седница Владата денеска ги продолжи мерките за пониска акциза и намален ДДВ на горивата до 1. јуни.
„Мерките насочени кон ублажување на ценовните притисоци и заштита на животниот стандард на граѓаните продолжуваат со примена до 1. јуни 2026 година.
Овие мерки се соодветен одговор на економските предизвици и неизвесностите со кои се соочуваат сите држави на меѓународните пазари на енергенси“ напиша на Фејсбук, министерката за финансии Гордана Димитриеска Кочоска.
Фото: Unsplash














