И четвртата жртва во синоќешната страшна сообраќајна несреќа која се случи кај скопската обиколница помеѓу надвозник Визбегово и клучката Мирковци е момче на 20-годишна возраст.
Се работи за М.Ѓ. од Скопје, соопшти Министерството за внатрешни работи (МВР).
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Како што е познато во несреќата загинаа оперскиот пејач Ристе Велков (51), неговиот син Адам Велков (20) и П.М. (20), сите од Скопје.
Момчињата биле другари на синот на Велков.
Несреќата се случи откако во возилото кое го управувал Ристе Велков, удрил камион со полуприколка, управувано од 76-годишниот Б.Б. од Косово, кој е уапсен.
Тој откако изгубил контрола над возилото со него преминал преку металната ограда во спротивната насока на автопатот при што удрил во возилото кое го управувал Велков.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
(Видео) Четири лица загинаа во сообраќајка кај скопската обиколница
Фото: Унсплеш














