Во март просечната месечна исплатена нето-плата изнесувала 48.433 денари, соопшти денеска Државниот завод за статистика.
Во март 2026 година, во однос на март 2025 година, просечната месечна исплатена нето-плата по вработен е повисока за 8.2%.
Ваквото зголемување се должи, пред сѐ, на зголемувањето на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во секторите: Транспорт и складирање за 15.6%, Дејности во врска со недвижен имот за 12.2% и Информации и комуникации за 11.6%.
Зголемување на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во однос на претходниот месец, е забележано во секторите: Транспорт и складирање за 10.9%, Дејности во врска со недвижен имот за 9.1% и Информации и комуникации за 8.5%.
Просечната месечна исплатена бруто-плата по вработен пак изнесувала 72.818 денари.














