Како треба да бидете облечени кога одите во МВР

Новиот Кодекс за облекување за сите вработени, но и за странките кои ги посетуваат просториите на Одделот за граѓански работи при Министерството за внатрешни работи (МВР), каде граѓаните одат за подигнување лични документи, пасоши или други административни услуги, предвидува неколку правила.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

МВР воведе Кодекс за облекување за вработените и странките во објектите на Одделот за граѓански работи

Како што информираа од МВР за неприфатлива облека при влез во службените простории на Одделот за се смета: премногу кратка облека (многу куси и многу тесни здолништа, како и здолништа кои не се соодветни за институција и куси панталони дизајнирани за плажа или спортски настани), облека која прекумерно го открива стомакот, градите или долната облека, облека кој вообичаено се користи во домот, на плажа или во ноќни клубови, тренерки и облека наменета исклучиво за спортски активности, облека со навредлива содржина (текстови, слики или амблеми кои можат да бидат навредливи за околината, како и несоодветни обувки (влечки, папучи, кломпи, налани, апостолки).

Фото: МВР

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести

  • Најчитани вести