Бројот на бракови намален за 5%, на разводи зголемен за 8%

Во 2025 година во однос на 2024 година се склучени за 5.1 % помалку, а разведени за 8% повеќе бракови, велат од Државен завод за статистика.

Лани се склучени 10.507 бракови, а најмногу бракови, 1.362 или 13 %, се склучени во август, а најмалку во месец март, 473 бракови или 4.5 %.

Најчесто е стапувањето во прв брак со учество од 92.8 % за жените и 92.1 % за мажите. Во втор брак со учество од 7.1 % и во трет брак со учество од 0.8 %, во вкупниот број склучени бракови, почесто стапуваат мажите.

Просечната возраст при склучувањето прв брак е 27.5 години за невестата и 30.2 години за младоженецот.

Во 2025 година, според возраста, најмногу бракови биле склучени во старосната група од 25 до 29 години, односно 3.448 или 32.8 % кај жените и 3.750 или 35.7 % кај мажите.

Според возраста, најголем број разводи имало во старосната група од 35 до 39 години, од кои 400 или 18.3 %, кај жените и 381 или 17.4 % кај мажите.

Според траењето на бракот, најмногу разводи, 478 или 21.9 %, се случиле од 5 до 9 години по склучувањето на бракот.

Фото: Unsplash

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести

  • Најчитани вести