СДСМ на Конгрес промовираше нова идеолошка платформа

Денеска СДСМ го одржа 32. Конгрес под мотото „Твоја држава – твоја шанса“.

Претседателот Венко Филипче меѓу друго истакна дека Конгресот е нивната „нова одговорност и нов морален завет е кон секој работник, секој млад човек и секое семејство што се бори со високите цени, ниските плати и неизвесноста“, а партијата промовираше нова идеолошка платформа.

„Новата идеолошка платформа на СДСМ нуди јасна социјалдемократска алтернатива: фер оданочување, повисоки плати, правда за работниците, борба против скапотијата, силни антикорупциски механизми и нови можности за младите.

Правда наместо привилегии, солидарност наместо страв, заштита на трудот и силни институции наместо партиска држава.

Денес граѓаните живеат со инфлација од 5,7%, помалку работни места и намалени инвестиции. Наместо решенија, добиваат ПР. Наместо сигурност, неизвесност. Корупцијата цвета, институциите се злоупотребуваат, а демократијата и владеењето на правото се под постојан притисок.

Македонија заслужува повеќе. Европа јасно порача дека проширувањето е живо, а ние немаме право повторно да останеме во чекалната. Возовите во политиката не се фаќаат со оправдувања, туку со одлуки.

Европскиот пат значи подобар живот, повисоки плати, подобро здравство, поквалитетно образование и владеење на правото. СДСМ и денес е на страната на работникот, младите, правдата и европската иднина на Македонија,“ вели Филипче.

Фото: СДСМ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести

  • Најчитани вести