Од вечерва на полноќ цената на бензините Еуросупер БС-95 и Еуросупер БС-98 се намалува за два денари, а на Еуродизелот (Д-Е V) се зголемува за 1,5 денари, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ).
Новата цена на Еуросупер БС-95 ќе биде 86 денари за литар, а на Еуросупер БС-98, 88 денари за литар.
Дизелот пак ќе се продава за 87 денари за литар.
За 1,5 денари се зголемува и цената на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) и таа ќе изнесува 89 денари за литар.
Цената на Мазутот М-1 НС се намалува за 0,609 денари и ќе изнесува 47,297 денари за килограм.
Фото: Унсплеш













