Жената која нелегално наплаќаше влезници за “Куклица“ бил носител на советничка листа

Апсурниот случај во кој за влез во природниот локалитет “Куклица“ во Општина Кратово здружението “Извор“ формирано од Милош Димитровски и неговата ќерка Стојна Димитровска Боотх, нелегално им наплаќало влез на локалитетот на домашни и странски туристи, стана уште поапсурден.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Здружение на татко и ќерка наплаќа влезници за локалитетот „Камени кукли“, на туристи им се заканувале со куче за да платат

Имено Димитровска на последните локални избори била носител на советничка листа во Општина Кратово, на партијата Единствена Македонија.

Како што е познато тие им наплаќале влез на туриситите тврдејќи дека местото е во нивна сопственост.

Двајцата се тужени од Општината, и изгубиле на суд, но поднеле тужба, па во меѓувреме продолжиле да наплаќаат влезници.

Тоа се случувало од 2024 година.

Реакција на Единствена Македонија

На објавата на информацијата реагираа од Единствена Македонија.

„Сметаме дека е целосно неточно и неосновано да се создава впечаток за партиска одговорност за прашања кои се во надлежност на институциите, кои треба да постапуваат согласно закон и да ја утврдат целосната фактичка состојба.

Јавноста е сведок на институционалните слабости на локално ниво во Општина Кратово, поради што сметаме дека фокусот на јавноста и медиумското известување треба да биде насочен кон утврдување на сите релевантни факти, можни пропусти и одговорности во системот, а не кон политичко етикетирање.

Прашуваме зошто во медиумските објави се игнорираат информации за проекти и активности поврзани со посочените лица, кои биле финансирани од Европската унија токму за локалитетот Куклица, додека истовремено се инсистира на насоки кои создаваат селективна и непотполна слика во јавноста.

Единствена Македонија останува на ставот дека ваквиот пристап е едностран и придонесува кон создавање погрешна перцепција кај јавноста“, стои во реакцијата на партијата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Узурпацијата на локалитетот “Куклица“ како од рубриката „верувале или не“

(Фото) Општина Кратово со детали за узурпацијата на локалитетот „Камени кукли“

Фото: Единствена Македонија

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести

  • Најчитани вести