Жена на возраст од 57 години починала вчера додека била на работа во основното училиште во скопското село Црешево.
Станува збор за В.Ѓ., а како што информираа од Секторот за внатрешни работи (СВР) Скопје, пред да почине и се слошило.
Лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт без видливи траги на насилство.
Нејзиното тело е дадено на обдукција.
Фото: Унсплеш













