Маж и жена загина денеска во сообраќајна несреќа која се случила на експресниот пат Градско-Прилеп, пренесе државната агенција МИА.
Како што информираат за агенцијата од Секторот за внатрешни работи (СВР) Велес, во сообраќајката се судриле две патнички возила, а возачот на едно од возилата и неговата сопатничка починале на лице место.
Во Општата болница Кавадарци пак бил пренесен возачот на другото возило, на кој му биле констатирани тешки телесни повреди и бил препратен во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје.
Идентитетот на починатите и повредениот засега не се познати.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
42-годишна жена и 51-годишен маж се загинатите во сообраќајката на патот Прилеп – Градско
Фото: Унсплеш













