Светската музичка ѕвезда од Колумбија, Шакира, заедно со Бурна Бој од Нигерија ја исполнуваат официјалната химна на Светското првенство во фудбал 2026 – „Dai Dai“.
Истата веќе станува хит низ светот, но има сериозна конкуренција од песната “I Am from Bosnia – Take Me to America“ на босанскиот бенд, добро познат и кај нас – Дубиоза Колектив.
Песната е стара околу 15 години, а првично се викала „USA“, а сега е реиздадена.
Истата повторно стана хит откако Босна и Херцеговина обезбеди историски настап на Првенството и нема врска со официјалните песни за Мундијалот, а за истата светот дозна благодарение на босанските навивачи и дијаспора во САД и Канада, каде заедно со Мексико, се одржува Првенството.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Кои се тројцата најскапо платени фудбалери на Светското првенство
МРТ за првпат нема да го пренесува Светското првенство во фудбал
Фото: Промо












