На новата Листа на должници на Управата за јавни приходи (УЈП) за јуни има 1.941 должници – правни лица (помалку за 13 од претходната листа) и 3.117 физички лица (повеќе за 53 од претходната листа).
Вкупно објавениот нето долг во Листата изнесува 12.913.992.404 денари, (повеќе за 786.021.092 денари од претходната листа).
Нето-долгот за даноци и придонеси изнесува 12.723.405.071 денари, (повеќе за 784.468.818 од претходната листа), додека долгот за царински давачки е 190.587.333 денари (повеќе за 1.552.274 од претходната листа).
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ












