Конзорциум предводен од македонската градежна компанија Гранит АД Скопје ќе ги гради преостанатите 10,5 километри од автопатот Скопје-Блаце.
Овој автопат е во вкупна должина од 12,5 километри, а од мај 2020 година во тек е изградбата на првата фаза.
Втората фаза треба да започне летово.
На истиот ќе има пет тунели, две галерии, 12 мостови и околу 40 објекти.
Како што најави вицепремиерот и министер за транспорт, Александар Николовски, истиот треба да биде завршен за 3,5 години.
Станува збор за значаен автопат кој ја поврзува Македонија со Косово и Црна Гора, со што за македонскиот бизнис се отвора уште едно пристаниште – тоа во Бар.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Гранит ќе добие уште 80 милиони евра за автопатот Кичево – Охрид
Гранит ги објави платите на надворешните членови на менаџментот
Страшо Милковски купи 3.000 акции на Гранит
Фото: Влада












