За кампување на диво во Грција казна и до 300 евра за лице, а може и да Ве уапсат

Во Грција кампување е дозволено само во бројните регистрирани и организирани кампови, а доколку кампувате на диво може да заработе казна и до 300 евра по лице, шатор или возило, но и да Ве уапсат, пренесува порталот greekreporter.com.

Во посериозни случаи, можни се и кривични санкции, кои вклучуваат затворска казна до шест месеци или дополнителна парична казна од судот, која може да достигне и до 3.000 евра.

Порталот пренесува и дека на стартот од сезоната, грчките власти ги засилуваат контролите за почитување на оваа законска обврска.

Според грчкиот закон 392/1976, поставување шатори, паркирање камп-приколки за преноќување и општо кампување се забранети на плажи, во шуми, во близина на археолошки локалитети и во други јавни простори кои не се официјално одредени за таа намена.

Фото: еМагазин

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести

  • Најчитани вести