Од вечерва на полноќ цената на бензинот Еуросупер БС-95 се зголемува за 1,50 денари, на бензинот Еуросупер БС-98 за 2 денари, а на Еуродизелот (Д-Е V) за 0,50 денари, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ).
Новата цена Еуросупер БС-95 ќе биде 87,50 денари за литар, на Еуросупер БС-98, 90 денари за литар, а на дизелот 87,50 денари за литар.
Цената на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1), се намалува за 2,50 денари и ќе изнесува
86,50 денари за литар.
Се намалува и цената Мазутот М-1 НС, за 1,074 денари, и сега ќе се продава за 46,223 денари за килограм.
Фото: Unsplash












