Палењето на автомобилите е резултат на агресивен политички говор и поттикнување омраза, велат од МНР на Бугарија

Министерство за надворешни работи (МНР) на Бугарија остро го осуди палењето на два автомобили, соственост на Амбасадата во Скопје, оценувајќи дека станува збор за „демонстративен чин на агресија, кој ги загрозува здравјето и животот на вработените во дипломатското претставништво“.

Од таму нагласуваат дека овој напад не е изолиран инцидент, туку резултат на агресивен политички говор и поттикнување омраза.

Во соопштението се вели дека штетата ќе била значително поголема ако немало навремена реакција од бугарскиот конзул, кој интервенирал со апарат за гаснење пожар.

Бугарското МНР ги критикува македонските институции поради „недостатокот на соодветен одговор во претходни слични случаи, што создава чувство на неказнивост кај сторителите“, посетувајќи на палењето на бугарскиот клуб во Битола, нотирајќи дека наместо соодветна казна, сторителот тогаш бил „прославен и вклучен во предизборна политичка кампања“.

Од бугарското МНР бараат брзо и фер спроведување на истрагата.

Бугарија ќе ги искористела сите механизми за да се спротистави на обидите за, како што велат, „создавање атмосфера на страв кај Бугарите во Република Северна Македонија“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Видео) Објавена снимка од палењето на дипломатските возила на бугарската Амбасада

Осуда за опожарувањето на дипломатските возила пред бугарската Амбасада од Владата

Опожарените возила се во сопственост на бугарската Амбасада, осуда и од МНР

Фото: бугарско МНР

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести

  • Најчитани вести