(Видео) 44-годишен И.Д ги опожарил дипломатските автомобили на бугарска Амбасада: Детали од МВР

Од Министерството за внатрешни работи (МВР) информираа дека веднаш по пријавата за пожар на две службени возила, сопственост на Амбасадата на Бугарија во Скопје во 12.13 часот, Секторот за внатрешни работи (СВР) Скопје презел интензивни мерки и активности за расчистување на случајот и пронаоѓање на сторителот.

„Во рамки на преземените активности, во краток временски период е идентификувано и пронајдено лицето за кое постои основано сомнение дека го сторило делото.

Станува збор за И.Д. (44) од Скопје, кој е лишен од слобода и задржан во полициска станица.

При преземените дејствија е пронајдена и облеката што лицето ја носело во моментот на извршување на делото.

Во координација со надлежен јавен обвинител се преземаат мерки и активности за целосно расчистување на случајот, по што против лицето ќе биде поднесена соодветна кривична пријава по итна постапка,“ велат од МВР.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Опожарени две дипломатски возила пред бугарската Амбасада во Скопје

Палењето на автомобилите е резултат на агресивен политички говор и поттикнување омраза, велат од МНР на Бугарија

Осуда за опожарувањето на дипломатските возила пред бугарската Амбасада од Владата

Фото: Unsplash/видео: МВР

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести

  • Најчитани вести