Вработен во ЈП “Комуналец“ Гостивар починал откако се заглавил во канал за вода

Маж на возраст од 64 години починал вчера откако се заглавил во канал за вода во атарот на гостиварското село Горно Јеловце.

Се работи за Н.М. од гостиварското село Дебреше, кој како што информираа од полицијата, бил вработен во Јавното претпријатие (ЈП) „Комуналец“ Гостивар.

Тој, како што велат од полицијата, со колеги дошол на местото да го исчистат каналот, каде што имало канали за прибирање на проточни води, при што се заглавил во еден од нив.

Бил извлечен од екипа на Територијалната противпожарна единица Гостивар, а лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт.

Неговото тело е дадено на обдукција.

Фото: Унсплеш

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести

  • Најчитани вести