Антимакедонската фондација “Македонија“, чиј претседател, Виктор Стојанов, има доживотна забрана за влез во Македонија за во недела (21. јуни) најавува блокади на граничните премини со Бугарија.
Од таму тврдат дека блокадите кои ќе траеле два часа биле кординирани со бугарското Министерство за внатрешни работи (МВР).
Причината е опожарувањето на двата автомобили на бугарската Амбасада, а обвинуваат и за наводен прогон на Бугарите во Македонија.
Најавуваат дека граничните премини Деве Баир, Делчево и Ново Село ќе биле блокирани од 11 часот.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Фото: Унсплеш












