Жена на возраст од 75 години од Македонија, вчера се удавила на една од плажите во близина на Неа Каликратија на Касандра, првиот крак на Халкидики, Грција, пренесуваат грчките медиуми.
Откако била извлечена од морето итно била повикана Брза помош, по што била пренесена во болницата во блискиот град Неа Мудања. Таму лекарите само констатирале дека починала, пренесува iefimerida.gr.
За нејзината смрт се води предистражна постапка од страна на Второто пристанишно одделение во Неа Мудања, при Централната пристанишна управа во Солун.
Нејзиното тело е дадено на обдукција, а е наредено и судско-медицинско вештачење во Службата за судска медицина во Солун.
Фото: Унсплеш













