Анимираниот филм „Лефти и Рајти” доби поддршка и од Хрватскиот аудиовизуелен центар (HAVC)

Анимираниот краток филм „Лефти и Рајти” доби поддршка за малцинската копродукција од Хрватскиот Аудиовизуелен Центар (HAVC).

Како малцински копродуцент се јавува „Minya Film i Animacija“, а е во продукција на „зАнимација“, во режија на Илија Тодоровски.

„Лефти и Рајти” е анимиран филм за деца каде една бела блуза и маслинести панталони со платка се главните ликови. Концептот е граден врз основа на сликовниците на Наташа Дукоска, која се потпишува како сценарист. Филмот е поддржан од Агенција за филм.

Премиерата кај нас се очекува да биде до крајот на годината.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести

  • Најчитани вести