Синдикалната кошница во јуни изнесува 68.654 денари, најмногу се троши за храна и пијалоци

Синдикалната минимална кошница за јуни изнесувала 68.654 денари и е за 88 денари пониска од мај, објави Сојузот на синдикати на Македонија.

Доколку едно четиричлено семејство живее под кирија во стан од 60 квадратни метри, потребни се 84.024 денари месечно.

За храна и пијалаците, потребни се 25.120 денари или 36,6 проценти од вкупните трошоци. За образование се издвојуваат 7.192 денари, односно 10,5 проценти од буџетот. За облека и обувки се потребни 6.511 денари, додека за режиски трошоци, како струја, вода и греење, се предвидени 6.379 денари.

Според пресметките на ССМ, за рекреација и култура се потребни 5.592 денари, за транспорт 5.089 денари, а за ресторани и хотелски услуги 4.131 денар месечно.

Најмал удел во семејната кошница имаат трошоците за комуникации, здравје, лична хигиена и останати стоки и услуги.

Фото/Unsplash

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести

  • Најчитани вести