Десет лица се повредени во сообраќајната несреќа во која се судрија камион и комбе на патот Свети-Николе-Куманово.
Според Министерството за внатрешни работи (МВР)0, во неа учествувале патничко комбе „фолксваген“ со кумановски регистарски ознаки, управувано од 55-годишниот М.Т. од Свети Николе, кое удрило во паркирано товарно возило „ман“ со светиниколски регистарски ознаки.
Во судирот, со тешки телесни повреди се здобиле две сопатнички во комбето. Останатите осум патници кои се наоѓале во комбето поминале со телесни повреди.
Сите десет повредени лица веднаш биле пренесени во Клиничката болница во Штип, каде им била укажана медицинска помош и биле констатирани повредите.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Во судир помеѓу комбе и камион на патот Свети Николе-Куманово повредени повеќе лица
Фото: Унсплеш














