Синдикалната кошница во јуни 68.654 денари, најмногу се троши за храна и пијалоци

Синдикалната минимална кошница за јуни изнесувала 68.654 денари и е за 88 денари пониска од мај, објави Сојузот на синдикати на Македонија (ССМ).

Доколку едно четиричлено семејство живее под кирија во стан од 60 квадратни метри, потребни се 84.024 денари месечно.

За храна и пијалаци, потребни се 25.120 денари или 36,6 проценти од вкупните трошоци. За образование се издвојуваат 7.192 денари, односно 10,5 проценти од буџетот. За облека и обувки се потребни 6.511 денари, додека за режиски трошоци, како струја, вода и греење, се предвидени 6.379 денари.

Според пресметките на ССМ, за рекреација и култура се потребни 5.592 денари, за транспорт 5.089 денари, а за ресторани и хотелски услуги 4.131 денар месечно.

Најмал удел во семејната кошница имаат трошоците за комуникации, здравје, лична хигиена и останати стоки и услуги.

Фото: Unsplash

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести

  • Најчитани вести