Во Албанија со недели масовно се протестира за изградбата на луксузното одморалиште на зетот на Доналд Трамп, Џаред Кушнер, а откако претходно обвини дека зад протестите стои Иран, сега албанскиот премиер Еди Рама, се пожали дека во Албанија на протестите дошле и Албанци од Македонија и Косово.
За нив вели дека не биле дијаспора, бидејќи живееле во сопствени држави и ги нарече жртви на „политички каравани“.
„Албанците од Северна Македонија не се дијаспора на Албанија на туѓа територија. Заедно со Македонците, тие се составен народ во својата земја. Дијаспората се емигранти кои живеат во странски земји, а не тие, ниту Албанците од Косово, кои имаат своја независна држава“, напиша Рама на социјалните мрежи.
На протестите кои го добија името „Фламинго револуција“, граѓаните на Албанија, меѓу друго секојдневно порачуваат дека земјата не е на продажба.
Фото: Влада













