Немаше јасен демант, ужасно сум разочаран од одговорот на Бугарија за протекувањето на дипломатскиот документ, вели Муцунски

За „Само интервју“ на телевизија Канал 5, министерот за надворешни работи и надворешна трговија (МНР), Тимчо Муцунски, рече дека во соопштението на бугарското МНР за протекувањето на дипломатскиот документ за патувањето на семејството на премиерот Христијан Мицковски во Бугарија, немало јасен демант и дека единствениот одговор кој бил даден е дека инцидентот се случил одамна.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Бугарија објави дипломатска нота за престојот на семејството на Мицкоски во Пампорово, премиерот го информирал НАТО

Како што е познато станува збор за допис од македонската Амбасада во Бугарија до бугарското МНР од 6. јануари годинава, а од Софија негираат дека протекол од кај нив.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Мицкоски реагирал на настани што “поминале одамна„, велат од бугарското МНР за протекувањето на дипломатскиот документ за семејството на премиерот

Тој рече и дека е ужасно разочаран од таквиот одговор, потенцирајќи дека најмалку што очекувал од Бугарија е осуда за објавување на дипломатска нота.

-Очекував осуда, да се каже дека се згрешило, како што ние осудивме дејствија на наша територија, наместо да кажеме дека некој друг го направил, кажавме дека се случило нешто што не смеело да се случи, го осудивме чинот и институциите веднаш постапија.

Така се однесува одговорна држава, тоа е цивилизациска вредност, бидејќи тој што работи може да згреши, но треба да има капацитет да се извини“, рече тој, посочувајќи дека со објавувањето на документот се споделени податоци за сопруга на претседател на влада на земја членка на НАТО и за малолетно лице, како и податоци за прашања поврзани со безбедносни протоколи на заштитени лица, што, како што кажа, не е мала грешка, туку станува збор за сериозен пропуст во безбедносната култура на министерство за надворешни работи на земја членка на НАТО.

Рече и дека бугарските власти требало да покажат капацитет да се јават и да кажат дека тоа не требало на дојде и дека ќе истражат како се случило документот да излезе во јавност.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Соседна држава, членка на ЕУ, лобира Македонија да не добива европски пари, кажа Мицкоски

Која е Фејбук групата на која заврши дипломатски документ кој ја загрози безбедноста на семејството на Мицкоски

Ќе влезе ли во извештај на ЕУ и засилената хибридна кампања против Македонија од Бугарија

Фото: МНР

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести

  • Најчитани вести