Основното јавно обвинителство на денешното рочиште за пожарот во т.н. дискотека „Пулс“ во Кочани, презентираше докази во врска со работата на Државниот пазарен инспекторат (ДПИ), кој работи во рамки на Министерството за економија.
Како што е познато во главниот случај се обвинети и неколку поранешни директори на ДПИ.
Документацијата која ја презентираше Обвинителство покажа дека во Кафе Класик, ММММ Кафе и „Пулс”, сите во сопственост на првообвинетиот Дејан Јованов-Деко, ДПИ правел контроли, ама истите немале никаков ефект, па т.н. дискотека со години си работела без исполнување на основни стандарди и незаконски, што беше познато уште пред да почне судењето.
Како што е познато исто така и пред судењето и од исказите на сведоци во текот на истото, таму не се издавале фискални сметки, работници работеле на диво, објектот имал само една функционална врата за излез, бил обвиткан во материјал кој брзо гори, во него доаѓале малолетници…
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Обвинителката за случајот „Пулс“, Сарамандова останува, Судот не дозволи нејзино изземање
Фото: Игор Бансколиев














