(Фото) Поплавени куќи, заглавени автомобили на подвозници: Невремето во Скопје направи хаос по улиците и домовите

Поради невремето кое во попладневните часови го зафати подрачјето на Град Скопје, преку Единствениот повикувачки број за итни случаи 112 се примени повеќе пријави од граѓани за поплавени подрумски простории, дворови на куќи, магацински простории, подвозници и кружни текови, како и за заглавени возила и други ризици и опасности предизвикани од обилните врнежи.

„Според досега пристигнатите пријави, најпогодени се општините Кисела Вода, Чаир, Бутел и Гази Баба.

За сите пријавени случаи веднаш се известени Бригадата за противпожарна заштита на Град Скопје и Единиците на локалната самоуправа, кои постапуваат согласно своите надлежности.

Во моментов заседава Кризниот штаб на Град Скопје, кој ги координира активностите на надлежните служби,“ велат од Центарот за управување со кризи (ЦУК).

Фото/Игор Бансколиев

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести

  • Најчитани вести